Александра Војневска е нов претседател на Атлетската федерација на Македонија

Поранешната македонската олимпијка Александра Војневска е избрана за нов претседател на Атлетската федерација на Македонија.

На синоќешното Вонредно Собрание на Атлетската федерација на Македонија со една точка на дневниот ред – избор на ново раководство на АФМ, едногласно беше разрешен досегашниот прв човек Крсто Серафимовски и избрана Војневска за иден преводник на македонската атлетика. На Собранието на АФМ беа избрани и новиот Управен одбор и нов Надзорен одбор на федерацијата.

Александра Војневска е поранешна долгодишна македонска атлетска репрезентативки. Од 2017 година е и претседател на Советот за спорт при Агенцијата за млади и спорт.

Се вчитува...