Алексеј Швед уште три години во Химки

Еден од најдобрите кошаркари во Европа, Алексеј Швед останува во Химки. Најдобриот кошаркар на рускиот тим го продолжи договорот на уште три години, пренесуваат руските медиуми иако се уште нема официјална потврда од московскиот клуб.

Швед играше за Химки во 2007 година од каде замина во НБА лигата. По авантурата во најсилното кошаркарско првенство во светот повторно се врати во Химки во 2015 година. Сезонава тој просечно по натпревар во Евролигата уфрлуваше по 21 поен, надополнет со шест асистенции, односно 22 поени и девет асистенции во регионалната ВТБ лига. Сезоната во Евролигата беше откажана поради пандемијата од коронавирусот.

Се вчитува...