Алексис Санчез е најголемиот губитник од коронавирусот

Алексис Санчез се соочува со отворена неизвесност околу продолжувањето на својата кариера откако се знае дека Интер не планира откупување на неговиот договор од Манчестер јунајтед, од каде минатото лето пристигна на позајмица.

Санчез се повреди, па одигра само неколку натпревари во дресот на миланскиот клуб. Поради тоа, но пред се и поради финансиските проблеми со кои се соочува Интер поради коронавирусот, „нераѕурите“ не планираат да го задржат на „Џузепе Меаца“.

Интер ќе мора да крати, соочен со проблемите поради коронавирусот, а прв од кого ќе се ослободуваат е Алексис Санчез кој е најголемиот губитник меѓу „сино-црните“ поради новонастанатата ситуација.

Се вчитува...