Алексис Санчез: По првиот тренинг со Манчестер Jунајтед сакав да си се вратам во Арсенал

Алексис Санчез признава дека побарал од неговиот агент да си оди од Манчестер Јунајтед и да се врати во Арсенал уште по првиот тренинг на „Олд Трафорд“. На социјалната мрежа Инстаграм, Чилеанецот ја раскажа неговата страна од приказната за пропаднатиот трансфер од Арсенал во Јунајтед во 2018 година. Санчез никогаш не ја пронајде вистинската форма во двете години во Јунајтед, постигна само пет гола на 45 натпревари и си замина во Интер.

„По првиот тренинг си дојдов дома и семејството и агентот ги прашав дали може да не го фрлаат договорот со Арсенал. Ми се смееја. но, навистина, им кажав дека нешто не е во ред, едноставно немав добро чувство. Но, веќе потпишав, веќе бев таму. Во првите неколку месеци постојано го имав истото чувство, немавме единство во тимот, не бевме семејство“ – објаснува Санчез.

Алексис Санчез  првично беше договорен со Манчестер Сити, но трансферот пропадна проади негвите преголеми барања за палта и така заврши кај градскиот ривал. Во тоа време на чело на Јунајтед беше Жозе Мурињо кој имаш доверба во Санчез во првите шест месеци и му даваше шанса во стартниот тим на речиси секој натпревар.

 

 

 

 

Се вчитува...