Алексис Санчез: Се чувствувам како лав во кафез

Напаѓачот на Интер, Алексис Санчез со два погодоци против Парма ја осигура шестата победа во низа за „нероаѕурите“ во Серија А, со што тимот од Милано се искачи на предност од шест бода во однос на второпласираниот Милан.

Искусниот Чилеанец по натпреварот не го криеше задоволството за одличната партија, која за него беше прва оваа сезона со повеќе од еден погодок.

„Јас сум играч со полно искуство, тренерот ми верува и задоволен сум. Секогаш сум расположен за игра и секогаш сум тука да помогнам. Се чувствувам како лав во кафез и што повеќе играм толку подобро се чувствувам. Така е од првиот дел кога заиграв фудбал. Го обожам овој спорт, сакам да играм и повеќе време да сум на теренот“ – изјави по мечот Санчез.

 

 

Се вчитува...