Алексис Санчез се договорил со Сити: Двегодишен договор и неделна плата од 400.000 фунти

Чилеанскиот интернационалец Алексис Санчез го напушта Арсенал и во зимскиот преоден рок ќе стане нов играч на лидерот Манчестер сити. Овој трансфер е веќе јавна тајна, одамна се најавува, а треба да се реализира во првите денови од 2018 година. Раководството на „топчиите“ и дефинитивно се откажа од намерите да го сочува одличниот офанзивец, а како утеха сепак ќе заработи околу 20 милиони фунти од неговата продажба. Тој на лето ќе биде слободен агент, па Арсенал сепак има мотиви да го продаде по итна постапка.

Новината е дека Алексис Санчез ќе заработува фантастични 400.000 фунти неделно во редовите на Манчестер сити, и треба да потпише двегодишен договор. Чилеанецот ќе биде огромно засилување за „граѓаните“ и еден од адутите на Пеп Гвардиола и за освојување на Лигата на шампионите.

Се вчитува...