Заедно со Килијан Мбапе, Реал Мадрид ќе додаде (барем) уште еден играч од светска класа во тимот оваа сезона. Алфонсо Дејвис е се поблиску до пристигнувањето во шпанската престолнина.
Канадскиот репрезентативец пред неколку дена изрази желба да премине во Реал Мадрид. Тој веќе ги договорил личните услови со мадридскиот клуб, а сега останува само да се договорат двата клуба.
Наводно Реал е подготвен да му понуди на Баерн 40 милиони евра за да го доведе Дејвис, останува да се види дали Баварците ќе ја прифатат таа понуда со оглед на тоа што пред два месеци побараа 70 милиони. Реал Мадрид на позицијата лев бек го има Ферлан Менди, кој мака мачи со повреди, па логично решение е доведување на нов лев бек. Дејвис одигра одлично оваа сезона за Баерн и многу придонесе во нападот. Брзоногиот дефанзивец, кој по потреба игра и како крилен напаѓач, постигна два гола и шест асистенции.
Покрај Реал Мадрид, интерес за Дејвис покажа и Челси, бидејќи канадскиот репрезентативец е голема желба на новиот тренер на сините, Енцо Мареска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА