Алгери без пардон: Влаховиќ мора да се подобри!

Душан Влаховиќ синоќа дебитираше со гол за „старата дама“, па Јувентус рутински ја победи Верона со 2-0. Алегри во нападот играше со триото Дибала, Мората и Влаховиќ. Првите двајца беа асистенти, а Србинот даде гол.

Макс по пнатпреварот даде изјава во обид да се намали еуфоријата по успешното деби на Србинот.

„Верона одигра добро, ние имавме среќа. Тоа беше тежок натпревар, имавме вистински пристап, офанзивните фудбалери работеа напорно, креиравме шанси и покажавме квалитет, задоволен сум од перформансите. Но треба да останеме на земја бидејќи патот е долг … Им реков дека со задоволство ќе ги играм сите тројца, но треба да покажат дека можат на теренот. Функционираа одлично и во нападот и во одбраната. Дибала одигра навистина добро, се жртвуваше и му даде одличен пас на Влаховиќ, Мората истото го направи за Закарија““, изјави Алегри.

Запрашан што мисли за перформансите на Влаховиќ, Алегри го спушти на земја велејќи дека треба да се подобрува.

„Влаховиќ имаше неколку лоши први допири со топката на почетокот, тој аспект треба да го подобри за да има почисти движења. Сака да влегува во дуели, но има само 22 години, нема големо искуство. Треба да го подобри и начинот накој се справува со дефанзивците, да ја подобри и работата со десната нога“, потенцираше Алегри.

Се вчитува...