Деле Али конечно е стандарден во тимот на Тотенхем, по неколкуте повреди и проблеми со препоните. Тој игра се почесто, а даде и два гола и забележа една асистенција во Премиер-лигата. Сепак, тој вели дека неговото тело тешко ги издржува напорите во последно време. Необична изјава бидејќи тој има само 23 години.
„Што сум постар моето тело не може да издржи толку. Затоа правам различни работи надвор од теренот. Секој процент на напредок може да помогне. Кога си млад и наивен можеби не мислиш на се, но како старееш учиш се повеќе и повеќе“, изјави Али.
Тотенхем го совлада Олимпијакос со 4-2 во Лигата на шампионите, а Деле Али го постигна првиот гол за својот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА