Алими: Ми требаше многу сила да се вратам на фудбалот по смртта на татко ми, но животот носи предизвици кои мора да ги издржиме

Еден од најдобрите фудбалери на Шкендија, Арменд Алими е убеден дека црвено-црните се најдобриот тим во македонскиот фудбал, кој на крајот ќе се радува на шампионската круна.

Шкендија изминативе два натпревари во шампионатот не успеа да постигне гол, но според Алими сето тоа е надминливо, а еден вид и последица на целокупната ситуација во кој се наоѓа спортот поради пандемијата на коронавирусот.

„Живееме во едно тешко време, кое се рефлектира и на нас фудбалерите. Па, токму поради тоа и формата е променлива, покрај тоа што и има и лични приказни кои се одразуваат на играта. Јас лично го минав Ковид-19, подоцна се опоравив, но го загубив мојот татко па морав да се справувам и со таа ситуација, ми беше неопходно многу сила да продолжам со фудбалот. Но постојат предизвици кои ги носи животот, и мора да гледаме напред“ – вели Алими во изјава за официјалната интернет страница на Шкендија.

Според Алими престојат 11 тешки кола, низ кои Шкендија треба да стигне до шампионската титула.

„Верувам дека на крајот Шкендија ќе биде шампион, и ќе ги израдуваме сите наши фанови. Сите факти велат дека Шкендија има најдобар тим во лигата, и тоа ќе го потврдиме до крајот на првенството“ – вели Алими.

Се вчитува...