Алими со евро-гол ‘извлече’ тенка победа за Шкендија, тврдо реми меѓу Шкупи и Академија Пандев (ВИДЕО)

ПМФЛ – РЕЗУЛТАТИ ВО ЖИВО – 20. КОЛО….

Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – БОРЕЦ (0-0)

Струмица: БЕЛАСИЦА – СТРУГА ТЛ (1-2)

Каланоски 83′(п) – Алтипармаковски 26′, Лена 60′(п)

Скопје: ШКУПИ – АК. ПАНДЕВ (0-0)

Тетово: ШКЕНДИЈА – ВАРДАР (2-1)

Мурати 15′, Алими 62′ – Мирчевски 17′

Битола: ПЕЛИСТЕР – РЕНОВА (3-1)

Гудијаби 9′, Маневски 44′(п), Размоски 55′ – Алити 23′

ВЧЕРА

Скопје: РАБОТНИЧКИ – СИЛЕКС 1-1

======================================================================================

  • Шкендија извлече тенка победа од 2-1 против Вардар, благодарение само на евро-г0лот на Арменд Алими. Вардарци покажаа дека она реми и игра со Пелистер воопшто не биле случајни.
  • Пелистер со 3-1 славеше против Ренова во Битола. Значајни три бода за „пелистерци“ во битката за опстанок.
  • Крај и во Струмица, триумф на Струга ТЛ против Беласица од 1-2.
  • Реми без голови и на натпреварот во Ѓорче Петров меѓу Македонија ЃП и Борец.
  • Крај на натпреварот на теренот на ФФМ во Скопје, тврдо реми без голови меѓу Шкупи и Академија Пандев.

 

ШКЕНДИЈА – ВАРДАР (2-1)

84′ – Добар шут на Бојан Најденов од слободен удар од 30 метри, но за малку покрај десниот дирек од голот на Шкендија

БЕЛАСИЦА – СТРУГА ТЛ (1-2)

1-2 – 83′ – ГОООООЛ ЗА БЕЛАСИЦА. Антонио Каланоски од пенал ја намалува предноста на гостите

ШКУПИ – АК. ПАНДЕВ (0-0)

81′ – Две одлични шанси за Шкупи, но и во двата обиди Марко Јовановски одлично интервенира, спречувајќи погодок за домашните. Трапановски извонредно шутираше од 18 метри но под гредата одбрани Јовановски.

ШКЕНДИЈА – ВАРДАР (2-1)

2-1 – 62′ – ГОООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Прекрасно изведен слободен удар на Арменд Алими од 18 метри, топката од гредата отседнува зад гол-линијата

БЕЛАСИЦА – СТРУГА ТЛ (0-2)

0-2 – 60′ – ГООООЛ ЗА СТРУГА ТЛ. Со голот од пенал на Лена, Струга ТЛ води и со 0-2 во Струмица


ПЕЛИСТЕР – РЕНОВА (3-1)

3-1 – 55′ – ГОООООЛ ЗА ПЕЛИСТЕР. Со голот на Размоски, кој прецизно шутира откосо од 15 метри, Пелистер веќе убедливо води


ШКУПИ – АК. ПАНДЕВ (0-0)

48′ – 100% шанса за Шкупи. Матеј Цветановски продре во гостинскиот шеснаесетник но од десеттина метри осамен шутираше покрај голот на Академија Пандев!!!

  • Почеток на второто полувреме на натпреварите од 20. коло во ПМФЛ…
  • КРАЈ НА ПРВОТО ПОЛУВРЕМЕ

ПЕЛИСТЕР – РЕНОВА (2-1)

2-1 – 44′ – ГОООООЛ ЗА ПЕЛИСТЕР. Маневски од пенал носи водство за домашните, откако претходно во гостинскиот шеснаесетник беше соборен Сенегалецот Гудијаби


ШКУПИ – АК. ПАНДЕВ (0-0)

37′ – Без апсолутно никакви возбудувања на натпреварот на теренот на ФФМ во Скопје

ШКЕНДИЈА – ВАРДАР (1-1)

35′ – Обид на Бојан Најденов од слободен удар од 25 метри, но високо над голот на Шкендија

БЕЛАСИЦА – СТРУГА ТЛ (0-1)

0-1 – 26′ – ГООООЛ ЗА СТРУГА ТЛ. Алтипармаковски носи водство за гостите во Струмица

ПЕЛИСТЕР – РЕНОВА (1-1)

1-1 – 23′ – ГООООЛ ЗА РЕНОВА. Одлично проигрување за Алити кој мајсторски ја прима топката во шеснаесетникот на домашните и стрела од 12 метри за израмнување


ШКЕНДИЈА – ВАРДАР (1-1)

1-1 – 17′ – ГООООЛ ЗА ВАРДАР. По само две минути игра, Петковски мајсторски го проигрува Мирчевски кој од 16 метри ниско по земја шутира во долниот десен агол од голот на Шкендија за израмнување


ШКЕНДИЈА – ВАРДАР (1-0)

1-0 – 15′ – ГОООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Одлично проигрување од Ибраими до Мурати по десната страна, кој стрела откосо во мрежата на Вардар


ПЕЛИСТЕР – РЕНОВА (1-0)

1-0 – 9′ – ГОООООЛ ЗА ПЕЛИСТЕР. Одличен брз контранапад на Омар Гудијаби кој ја мина домашната одбрана и од 15 метри прецизно шутира за водство на Пелистер


ШКУПИ – АК. ПАНДЕВ (0-0)

2′ – Прва можност за Академија Пандев. По корнерот од левата страна, Серафимов со глава убаво се обидува но Наумоски брани на самата гол-линија

ПОЧЕТОК НА НАТПРЕВАРИТЕ ОД 20. КОЛО ВО ПМФЛ…

  • Познати се составите за дуелот во Тетово меѓу Шкендија и Вардар…

======================================================================================

Во 20. коло од ПМФЛ, најинтересниот дуел во Скопје на теренот на ФФМ каде Шкупи го пречекува составот на Академија Пандев. Шкендија е голем фаворит во пресметката против Вардар.

Сите најнови случувања, шанси и голови од денешните средби ќе можете да ги следите во живо на ЕКИПА.МК.

Се вчитува...