Алиоски даде гол за Лидс, но тимот на пенали елиминиран од Карабао куп

Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски беше стрелец на погодок за Лидс Јунајтед, но неговиот тим доживеа елиминација од Хал Сити во Карабао купот. Алиоски го спаси Лидс од пораз во регуларниот тек, постигна гол за израмнување во третата минута од судиското продолжение за 1-1, откако Хал сити поведе преку Малик Вилкс.

Но, мечот се решаваше на пенали, а Езгјан Алиоски беше еден од двајцата неуспешни изведувачи за Лидс заедно со Шаклтон. На крајот, Хал Сити славеше с0 8-9 на пенали и се пласира во следната рунда од ова натпреварување.

Се вчитува...