Македонскиот репрезентативец Езџјан Алиоски на вчерашниот натпревар против Ал Калеј, имаше асистенција за неговиот Ал-Ахли, во победата од 0-2 во првенството на Саудиска Арабија.
Алиоски ги одигра сите 90. минути, а според информациите од клубот, тој по мечот дехидрирал, и веднаш бил пренесен во болница на понатамошни испитувања. Сепак, не е ништо сериозно и се очекува веќе денеска да се врати на обврските на својот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА