Алиоски и Лидс до бод против фаворитот Манчестер Јунајтед

Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски и неговиот Лидс успеаја да ремизираат со Манчестер Јунајтед 0-0 во натпревар од 33. коло во англиската Премиер-лига. Иако гостите беа подобар противник, избраниците на Марсело Биелса успеаја да се одбранат и на уште еден фаворит сезонава да му ги поматат сметките.

Јунајтед останува на втората позиција на табелата со десет бода негатива зад градскиот ривал Сити, додека Лидс е деветти со 47 бода.

 

 

Се вчитува...