Алиоски и Лидс итаат кон Премиер – лигата…Чемпионшип продолжува на 20 јуни

Македонскиот фудбалски репрезентативец Езгјан Алиски и Лидс Јунајтед би требало да ја продолжат сезоната во англиската Чемпионшип – дивизија на 20.јуни. Ова е договорот што го постигнале клубвите од втората по ранг лига во Англија. Ако успеат да го испочитуваат овој термин, „второлигашите“ би можеле да се вратат на терен пред рестартот на Премиер-лигата затоа што менаџерите од топ дивизијата бараат еден месец за тренинзи.

Во овој ранг на натпреварување сезоната треба да заврши до 31.јули затоа што на 40 проценти од фудбалерите договорите им истекуваат до овој термин. Затоа менаџерите постигнаа договор преостанатите девет кола да ги одиграат во забрзан ритам, секоја сабота и среда и со тоа да биде крај на сезоната на 17. јули за да има време и за плеј-офот.

Лидс на Алиоски е лидер на табелата со еден бод повеќе од Вест Бромвич Албион и овие два тима се на дистанца од седум бода од најблискиот конкурент Фулам и на местата кои носат директен пласман во Премиер-лигата.

 

 

Се вчитува...