Алиоски и Лидс на 21. јуни ја продолжуваат трката за Премиер-лигата

Езгјан Алиоски и Лидс Јунајтед на 21. јуни против Кардиф Сити на гостински терен ја продолжува трката за враќање во елитата во англискиот фудбал. Пред паузата поради пандемијата од коронавирусот тимот на нашиот интернационалец се наоѓаше на првата позиција во чемпионшип со освоен 71 бод на 37 одиграни натпревари. Зад Лидс е ВБА со еден бод помалку, а третопласираниот Фулам има седум бода минус зад лидерот на табелата.

Во овој ранг на натпреварување сезоната треба да заврши до 31.јули затоа што на 40 проценти од фудбалерите договорите им истекуваат до овој термин. Затоа менаџерите постигнаа договор преостанатите девет кола да ги одиграат во забрзан ритам, секоја сабота и среда и со тоа да биде крај на сезоната на 17. јули за да има време и за плеј-офот. Чемпионшип ќе продолжи на 20. јуни со натпреаврот меѓу Фулам и Брентфорд.

 

Се вчитува...