Алиоски и Лидс остануваат на чело на Чемпионшип-дивизијата

Езгијан Алиоски повторно беше стартер за Лидс на вечерашното дерби против Свонси што заврши без победник, 2-2, исход по кој Лидс јунајтед остана на чело на табелата во Чемпионшип-дивизијата.

По трите победи во низа, Лидс на ова тешко гостување два пати се наоѓаше во негатива, но успеа да остане непоразен благодарение на погодоците на Руф и на Хернандез. Македонскиот репрезентативец го одигра првото полувреме, не прикажа добра игра и беше заменет од страна на Марсело Биелса уште на стартот од вториот дел.

Лидс по четири кола има десет бода и се наоѓа на првото место со 10 бода, со подобра гол-разлика од Мидлсброу.

Се вчитува...