Алиоски и Лидс со шокантен пораз од Виган

Езгијан Алијоски со својот Лидс јунајтед доживеа шокантен пораз на домашен терен од Виган Атлетик со 1-2, во 43. коло од Чемпионшип лигата. Македонскиот репрезентативец го одигра целиот натпревар во кој неговиот тим играше 86 минути со играч повеќе, а во 16. минута Пабло Хернандез промаши пенал.

Лидс го отвори натпреварот со голот на Патрик Бамфорд во 17. минута, за потоа да стигне до опуштање кај избраниците на Марсело Биелса па со двата гола на Гевин Мејси, Виган  заслужено стигна до три бода.

На три кола до крај на шампионатот, Лидс е третопласиран на табелата со 82 бода, исто колку што има и второпласираниот Шефилд јунајтед, кој поради подобра гол разлика се наоѓа на едно од двете места кои следната сезона носат пласман во Премиерлигата.

Се вчитува...