Алиоски и Лидс слават по најсмешниот гол во Премиер-лигата (видео)

Џани Алиоски и Лидс имаат причина за радост на самиот почеток од гостувањето против ВБА, откако веќе во 9. минута дојдоа во водство со најсмешниот автогол во Премиер-лигата оваа сезона.

Домашните фудбалери одзедоа една топка, но наместо да тргнат со акција кон напред ја вратија кон Сојерс, а тој во обид да ја врати до голманот не забележа каде се наоѓа, па ја смести директно во неговата мрежа.

Се вчитува...