Алиоски и Лидс со „петарда“, Лаказет е „златна резерва“ на Арсенал

Лидс врза две победи во серија откако тимот на нашиот Џани Алиоски триумфираше со преубедливи 0-5 на гостувањето против ВБА. Избраниците на Сем Алардајс пред два дена ремизираа со Ливерпул на „Енфилд“, но вечерва беа целосно надиграни и претрпеа катастрофален пораз.

Алиоки и самиот се запиша меѓу стрелците, со фантастичен удар постигнувајќи го вториот гол за Лидс и најавувајќи ја оваа убедлива победа.

Арсенал конечно покажува знаци на живот, по триумфот над Челси избраниците на Артета вечерва славеа и на гостувањето против Брајтон (0-1). Лаказет беше херојот на Арсенал на овој натпревар, францускиот ас влезе во второто полувреме и неполна минута подоцна на асистенција на Сака го постигна победничкиот погодок.

Барнли на домашен теерен го совлада Шефилд Јунајтед со 1-0, додека дуелот меѓу Саутемптон и Вест Хем заврши без погодоци.

Се вчитува...