Алиоски ја „скина“ мрежата – Лидс со 10 играчи до пресврт во Нотингем

Езгијан Алиоски извонредно ја стартуваше новата година откако постигна многу значаен погодок за Лидс на денешното гостување против Нотингем.

„Шумарите“ имаа предност од 1-0 по првото полувреме, во кое останаа и со фудбалер повеќе на теренот. Сепак, Алиоски и соиграчите не се предадоа, за дваесетина минути направија целосен пресврт и преку македонскиот ас дојдоа до водство од 1-2, кога Алиоски од непосредна близина шутираше силно под гредата.

Радоста на фудбалерите на Лидс не траеше многу долго бидејќи во наредните десетина минути Нотингем постигна два брзи гола и повторно стигна до водство.

 

Се вчитува...