Алиоски: Лидс се врати посилен од лани, затоа што сите ние сме играчи за Премиер – лигата

Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски ги ужива моментите на слава на Островот, откако Лидс Јунајтед ја освои титулата во Чемпионшип – дивизијата и следната сезона ќе биде дел од Премиер – лигата. Тој вели дека Лидс поучен од искуството од лани, кога не успеа да ја оствари целта, се вратил уште посилен на почетокот на оваа сезона и заиграл според очекувањата.

Алиоски се смета за играч вреден за Премиер – лигата.

„Лидс Јунајтед се врати посилен од лани, имавме голема поука, одигравме најдобро што знаеме, а оваа Чемпионшип – дивизија е навистина силна и не признава фаворити, колку и да сте добар тим. А ние покажавме дека сме најдобри, нашиот квалитет е за во Премиер – лигата“, изјави Езгјан Алиоски за клупската телевизија.

Македонскиот интернационалец вели дека среќата да се обезбеди пласман во елитата е неизмерна, не може да се купи за ниедни пари.

„Филингот да се обезбеди пласман во Премиер- лигата е нешто неверојатно. Оваа среќа со пари не се купува. Мислам дека го заслуживме ова, и ние и нашите фанови“, истакна Алиоски.

Се вчитува...