Алиоски: Не се важни моите голови, само да продолжиме со победите

Македонската репрезентација претпладнево ги продолжи подготовките за престојните два натпревари од Лигата на нациите против Лихтенштајн и против Ерменија.

Крилниот офанзивец Езгијан Алиоски верува дека Македонија има сили да продолжи со победите во ова натпреварување по што дополнително ќе направи чекор плус на патот кон првото место во групата.

„Секако дека најпрво се фокусираме само на мечот со Лихтенштајн на кој безусловно одиме на победа. Поквалитетен тим сме од противникот и сигурно веруваме во трите бода. Сега за овој собир сме и посилни со Адеми и Хасани и тоа ни дава и дополнителен мотив“ – вели Алиоски, според кого најмалку е важно кој ќе постигне голови, но важни се победите.

„Апсолутно не е важно дали јас ќе постигнам голови. Секако, посакувам да бидам стрелец, но и не се оптоварувам со тоа затоа што единствено ми е важно да стигнеме до победата“ – истакнува Алиоски.

Се вчитува...