Алиоски: Се враќаме со успешна приказна од Гибралтар

ЕКИПА во Гибралтар,

Владимир Булатовиќ

Фудбалската репрезентација на Македонија оствари триумф (0-2) на гости против Гибралтар на стартот од новото натпреварување на УЕФА, Лигата на нации. Головите беа дело на Иван Тричковски и на Езгјан Алиоски.

Фудбалерот на Лидс јунајтед, вели дека е испишана успешна приказна на Гибралтар, а сочувани се силите и за многу потешкиот меч против Ерменија, в недела во Скопје.

„Најважно е што дојдовме до победата, беше тешко да се игра на вештачка трева но успеавме да го оствариме планираното. Противникот беше и преагресивен на моменти, ние сакавме да зачуваме сили и за следниот меч, па кога се ќе се сумира имаме успешна приказна од Гибралтар“, изјави Езгјан Алиоски.

Се вчитува...