Алиоски стрелец за Лидс кој чекори кон Премиер – лигата (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски беше стрелец на погодок за Лидс Јунајтед во триумфот од 3-0 над Фулам во Чемпионшип – дивизијата. Славниот Лидс со големи чекори граби кон враќање во Премиер – лигата, со оглед дека го чува лидерското место со 74 бода, дури осум повеќе од третопласираниот тим на Брентфорд. Првите две екипи одат во англиската фудбалска елита.

Алиоски погоди во 56.минута за водство од 2-0, откако влезе во игра на стартот на второто полувреме. Првиот гол за Лидс Јунајтед беше дело на Патрик Бамфорд, а на 3-0 зголеми Џек Харисон.

Се вчитува...