Алиоски трагичар, Лидс загуби од Брајтон

Лидс претрпе пораз од 2-0 на гостувањето против Брајтон, исход за кој еден од главните виновници е македонскиот репрезентативец Езгијан Алиоски.

Токму Алиоски со неспретна интервенција во сопствениот шеснаесетник направи пенал по кој домашниот тим поведе преку Грос, по што Брајтон умешно ја задржа предноста до самиот крај. Фудбалерите на Брајтон во 79. минута ставија печат на триумфот со голот што го постигна Дени Велбек.

Се вчитува...