Алиоски во Лидс добива соиграч од Аталанта

Лидс Јунајтед на нашиот Езгјан Алиоски стигна до првата победа сезонава во Премиер-лигата откако во луд натпревар го совлада Фулам со 4-3. Марсело Биелса се уште го нема комплетирано тимот за новата сезона во која прв цел е обезбедување на опстанок. Тој е заинтересиран за играчот за врска на Аталанта Руслан Малиновски.

27-годишниот Украинец имаше одлична прва сезона во калчолигашот во кој премина од редовите на белгиски Генк. Малиновски во првата сезона во Аталанта беше еден од најстандардните. За клубот од Бергамо запиша 34 настапи на кои постигна 8 гола.

Малиновски од 2015 година е член и на репрезентацијата на Украина за која досега настапи на 29 натпревари на кои пет пати се запишуваше во листата на стрелците.

Се вчитува...