Алиоски за едно полувреме го растури Норвич (видео)

Езгијан Алиоски повторно блесна во своето вистинско издание за Лидс, овојпат на гостувањето против Норвич, на кое избраниците на Марсело Биелса за помалу од триесет минути веќе имаат предност од 0-2 токму благодарение на македонскиот репрезентативец.

Првиот гол го постигна Клич откако голманот Крул кратко ја одби топката по ударот на Алиоски, а Македонецот во 26. минута и самиот се запиша меѓу стрелците, со силен удар откосо за водство од 0-2 на Лидс на ова тешко гостување.

 

Се вчитува...