Алисон го имитираше Пикфорд, цел „Енфилд“ фати сеир (видео)

Робертсон и Ориги ги постигнаа головите за победа на Ливерпул над Евертон, но потегот на мечот го имаше домашниот голман Алисон Бекер. И тоа не интервенција, туку со имитирање на ривалот од спротивната страна, Џордан Пикфорд.

Имено, Пикфорд ги фрустрираше навивачите на Ливерпул, кога во првото полувреме при резултат 0-0 секое прифаќање на топката го проследуваше со фрлање на теренот.

Алисон рутински одбрани еден удар на Ришарлисон во самиот финиш, а потоа се потсети на Пикфорд, па се испружи напред со топката во раце. Пораката беше веднаш сфатена, па навивачите на Ливерпул му фатија убав сеир на ривалот, кој вообичаено лошо си поминува на „Енфилд Роуд“.

Се вчитува...