Англискиот премиерлигаш Њукасл, во последниот ден од преодниот рок го официјализира трансферот на Матијас Фернандес-Пардо од Лил за 51.4 милиони фунти, сума која може да се зголеми ако се реализираат бонусите.
21-годишниот белгиски репрезентативец веќе потпиша повеќегодишен договор и го задолжи црно-белиот дрес со бројот 20.
„Многу сум среќен и горд што станав дел од голем тим како Њукасл. Разговарав со тренерот и ми стана јасно колку сака да ме донесе на „Сент Џејмс Парк“. Кај мене немаше никакви дилеми, токму во Њукасл сакав да го направам првиот голем чекор“, изјави Фернандес-Пардо по потпишувањето на договорот.
Фернандес-Пардо е продукт на академијата на Лил, а во 2023 година се пресели во Генк, за една година подоцна да се врати во Франција.
Минатата сезона со Лил играше во Лигата на шампионите и во Лигата на Европа, а за репрезентацијата на Белгија дебитираше годинава и ги одигра трите меча од групната фаза од Светското првенство кое летово се одржа во САД, Канада и Мексико.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
