Алисон се враќа во тимот на Ливерпул

Голманот на Ливерпул, Алисон Бекер се врати на целосните тренинзи со тимот во пресрет на првенствениот натпревар против Кристал Палас.

„Алисон изгледа добро. Не знам дали е доволно добро за да игра против Кристал Палас. Морам да проверам со тренерите и лекарскиот тим и секако со него“, изјави денеска тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп.

Бразилскиот голман ги пропушти последните три натпревари поради повреда на тетивата на крајот од дуелот против Манчестер Сити (1-1) пред две недели. Клоп рече дека не очекува Алексис Мекалистер да биде подготвен за дуелот против Кристал Палас, откако го истегна коленото на натпреварот против Шефилд јунајтед во средата.

Се вчитува...