Алкалоид и Охрид денеска ги дознаа противниците во 3. коло од ЕХФ европскиот куп.
Aктуелниот шампион Охрид за противник на денешната ждрепка во седиштето на ЕХФ во Виена, ја доби литванска Клаипеда. Шампионот од пред две години, пак Алкалоид ќе има незгодна задача против словенечкиот Горење Велење.
Првите натпревари од оваа рунда се закажани за 21. и 22. ноември, додека реваншите ќе се одиграат една недела подоцна.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
