Екипата на Алкалоид ја забележа четвртата суперлигашка победа освојувајќи ги бодовите на гостувањето против Младост 1977 во Богданци.
Тимот на Кире Лазаров одигра рутински 60 минути, на крајот победувајќи со 24-32.
Најдобар стрелец во редовите на Алкалоид беше Урош Борзаш со пет гола, а Монси Тордарсон и Никола Костески погодија по четири пати. Голманот Ѓорѓи Николовски забележа десет одбрани.
Кај домашните Бојаниќ со седум голови беше најефикасен на средбата.
На вториот денешен натпревар Струга го победи Бутел со 26-24. Јукиќ и Георгиевски постигнаа по шест голови кај домашните, а кај гостите Ѓеоргиевски запиша девет погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
