Алкалоид со лесна победа над Бутел ја затвори одличната сезона!

Алкалоид со лесна победа против Бутел Скопје од 22-31 (11-14) ја затвори сезоната во Суперлигата на Македонија. Алкалоид, на најдобар можен начн, со убедлив триумф стави крај и на одличната сезона во која на Македонија и го донесе европскиот трофеј од ЕКФ Европскиот куп.

Уште во првото полувреме гостите презедоа се во свои раце на натпреварот, поведувајќи брзо со 3-6, па иако домашните успеаја да израмнат на 8-8, потоа повторно предност за составот на Кирил Лазаров кој дојде до предност на полувремето од 11-14.

Воден од своите крилни играчи, Петковски и Џонов, Алкалоид брзо дојде до водство од +7 гола разлика, за да до крај рутински се дојде до победата од 22-31.

Најефикасни во тимот на Алкалоид беа Џонов, Серафимов и Петковски со по пет гола, а кај Бутел Скопје се издвоија Димитар Узунчев со пет гола и Дејан Михајловиќ со четири погодоци. Со оваа победа Алкалоид Ракомет го потврди третото место и излезот во Европа, а Бутел Скопје завршува на шестото место во Суперлигата.

Се вчитува...