Алкантара ќе дебитира за Ливерпул на дербито со Челси

Тијаго Алкантара конечно го облече дресот на Ливерпул откако шпанскиот ас денеска и официјално беше претставен како најново засилување на актуелниот првак на Англија. Тој може своето деби за „црвените“ да го има уште во недела кога Ливерпул во дербито на 2. коло во Премиер-лигата му гостува на Челси.

Алкантара веднаш може да дебитира за клубот од „Енфилд роуд“ со кој се обвра на четиригодишен договор. Ливерпул по двомесечни по долги и тешки преговори се договори со Баерн трансферот да изнесува почетни 20 милиони фунти, плус дополнителни пет милиони како бонуси.

Се вчитува...