Алкараз елиминиран на стартот на турнирот во Астана

Првиот рекет на светот, Карлос Алкараз доживеа изненадувачка елиминација на стартот на АТП турнирот од серијата 500 во главниот град на Казахстан, Астана.

Шпанецот беше елиминиран од Белгиецот, Давид Гофан со максимални 2-0, по сетови 7-5 и 6-3. Во првиот сет Гофан иако имаше предност од 5-2, влезе во неизвесна завршница па на крајот го освои со 7-5. Во вториот сет Белгиецот повторно брзо стигна до истата предност (5-2), која беше доволна за негов триумф од 6-3.

Во 2. коло Гофан ќе игра против Адриан Манарино од Франција кој беше подобар од Швајцарецот, Стен Вавринка.

Неочекувано рана елиминација доживеа и вториот светски рекет, Каспер Руд кој на турнирот во Токио на самиот старт беше елиминиран од Шпанецот, Мунар исто така со максимални 2-0, по сетови 6-3 и 6-3.

Се вчитува...