Алкараз со воведна победа во Токио, Зверев победнички на стартот во Пекинг

Карлос Алкараз и Александер Зверев со победа ги стартуваа своите настапи на турнирите во Токио, односно Пекинг.

Шпанецот во воведниот меч на турнирот во јапонската престолнина беше подобар од Американецот Алекс Микелсен со 2-1, по сетови 7-6, 4-6 и 6-1. Во осминафиналето тој за противник ќе го има Италијанецот, Матео Арналди.

Победнички, но во Пекинг стартуваше и Александер Зверев. Тој во својот прв натпревар во кинескиот град беше подобар од Британецот Камерон Нори со 2-0, по сетови 7-6 и 6-4. Во осминафиналето Зверев ќе игра против подобриот од дуелот меѓу Шанг и Баез.

Се вчитува...