Алкараз спасуваше меч топка во трилер мечот против Рамос

По Александер Зверев и младиот шпански тенисер Карлос Алкараз успеа да се извлече во второто коло на Ролан Гарос. Младиот Шпанец спасуваше во четвртиот сет меч топка во мечот против својот сонародник Алберт Рамос кој на крајот го доби со 3-2, по сетови 6-1, 6-7, 5-7, 7-6 и 6-4.

Алкараз одлично го отвори натпреварот добивајќи го првиот сет со убедливи 1-6. Кога сите мислеа дека ова ќе биде уште еден убедлив триумф на Алкараз се случи чудо. Рамос со одлична игра успеа да ги освои следните два сета, а во четвртиот при водство од 5-4 не успеа да искористи меч топка на свој сервис. Во петтиот сет Рамос исто така имаше предност (3-0), но Алкараз повторно успеа да се врати и да слави во овој натпревар.

Во третото коло Рамос ќе игра против подобриот од мечот меѓу Гаске и Корда.

Се вчитува...