Алкарез и понатаму лидер, Оже-Алијасим единствен со напредок меѓу најдобрите на АТП

Шпанецот Карлос Алкараз со 6.730 поени и понатаму е лидер на најновата АТП листа, пред Рафаел Надал кој има околу 900 помалку. По нив следат Каспер Руд, Данил Медведев, Стефанос Циципас, Александар Зверев, Новак Ѓоковиќ и Андреј Рубљев.

Единствена промена во најдобрите десет е напредокот на Феликс Оже-Алијасим на деветтата позиција, со што Тејлор Фриц падна една подолу. Нашиот Калин Ивановски и натаму е најдобро рангиран од македонските тенисери, без игра падна три позиции и сега е на 746 позиција со 27 поени.

Во главно, новата АТП ранг листа не донесе значајни промени, што е нормално за период без големи турнири.

Се вчитува...