Аломеровиќ на позајмица од Селта Виго во Саламанка

Младинскиот репрезентативец на Македонија, Дин Аломеровиќ остатокот од сезоната во Третата лига на Шпанија ќе го мине на позајмица во редовите на Саламанка.

Аломеровиќ во првиот дел од сезоната не се изнаигра во редовите на Селта Виго Б, па сега по договор меѓу двата клуба вториот дел од првенството ќе го мине во Саламанка.

Левиот бек, претходно од редовите на Македонија ЃП премина во Фуенлабрада, а потоа и во редовите на Селта Виго. Неговото деби за Саламанка се очекува на 6. јануари и тоа токму против Селта Виго Б.

Се вчитува...