Алонсо има специјална клаузула која му дозволува од Баер да може да оди во само три клуба!

Чаби Алонсо на извонреден начин сезонава го води Баер Леверкузен кој убедливо го држи лидерското место во Бундеслихата. Па затоа и воопшто не зачудуваат се почестите шпекулации дека наскоро ќе преземе далеку поголемо европско фудбалско име.

Сепак, како што пишуваат германските медиуми, Алонсо во договорот со „фармацевтите“ има специјална клаузула според која може да го ангажираат Ливерпул, Баерн Минхен и Реал Мадрид, само ако платат серозна отштета, но висината на истата не се открива.

Алонсо претходно веќе беше поврзуван со Реал Мадрид каде би можело да се пресели на крајот од сезоната, откако актуелниот тренер на „кралевите“ Карло Анчелоти од јуни 2024 ќе го преземе Бразил.

Се вчитува...