Алонсо: Одам на нова шампионска титула

Првата трка од новата сезона во Формула 1 шампионатот донесе интересна битка на стазата во Бахраеин каде Макс Ферстапен продолжи онаму каде што застана, но доби нова конкуренција за шампионскиот наслов.

Изненадувачки тоа е Фернандо Алонсо кој со болидот на Астон Мартин успеа да го освои третото место. Шпанецот за истото имаше и интересна битка со Луис Хамилтон во која навидум лесно успеа да го престигне возачот на Мерцедес.

Легендарниот Шпанец кој ја освои титулата во 2005 и 2006 година нема да се задоволи само со добар настап во сезоната и како што вели цели кон нова шампионска титула.

„Повторно се чувствувам живо. Имаме одличен болид, одличен тим и група на луѓе кои работат навистина неверојатно. Мислам дека ова ќе биде наша сезона. Стоти подиум? 33. победа? Па, јас одам на шампионска титула“, вели Алонсо.

Се вчитува...