Алонсо преговара за враќање во Формула 1

Фернандо Алонсо е подготвен за враќање во Формула 1, но без оглед на желбата речиси е неверојатно тоа да се случи со преселба во тимот на Ред Бул. Ова го потврди и советникот на Ред Бул, Хелмут Марко, потенцирајќи дека станува збор за преговори за камбек во 2020 година.

„Луѓе блиски до Алонсо ни ставија до знаење дека тој е достапен. Ние сме заинтересирани, но проблемот е во нарушените односи меѓу Фернандо и челниците на Хонда уште од времето кога тој возеше за Мекларен. Тоа делува како нерешлива ситуација во моментов. Има уште време, ќе биде интересно да се види како ќе се одвива ситуацијата“ – истакна Марко за шпанските медиуми.

Алонсо по неколку катастрофални сезони реши да се повлече од Формула 1, а не се отфрла можноста за негов камбек во Ферари, особено доколку се реализираат најавите за предвремено пензионирање на Себастијан Фетел.

Се вчитува...