Алонсо се „уплаши“ да биде тренер во Бундеслигата, ќе остане во Шпанија уште една година

Чаби Алонсо и следната сезона ќе го води вториот тим на Реал Сосиедад, со кој го продолжи договорот. Претходните денови се пишуваше дека поранешниот шпански фудбалер може да ја преземе Борусија од Менхенгладбах на крајот на сезоната, бидејќи тренерот Марко Роуз ќе го напушти тимот.

Сепак, сега е објавено дека Алонсо го продолжил договорот со шпанскиот тим и дека вториот тим на Реал Сосиедад ќе води до 30 јуни 2022 година.

„Јас сум многу задоволен од ситуацијата. Имам добра комуникација со раководството на клубот. Ние сакаме да продолжиме да го развиваме и поддржуваме овој проект и да ги подготвуваме најдобрите играчи за првиот тим. За мене, ова беа две многу важни години. Големо задоволство е да работам тука. Горд сум што сум дел од овој проект“, рече 39-годишниот Алонсо.

Шпанецот ја започна својата тренерска кариера во младинскиот тим на Реал Мадрид, а во 2019 година го презеде вториот тим на Реал Сосиедад, кој се натпреварува во третата лига.

 

 

Се вчитува...