Алонсо со волеј го спаси Челси од пораз, Барнли до златен бод кај Астон Вила

Челси и Лестер ремизираа со 1-1 во заостанатиот натпревар од 27. коло во Премиерлигата. Мадисон го отвори натпреварот со гол уште во 6. минута од мечот, а Алонсо во 34. минута донесе изедначување со одличен волеј.

Барнли стигна до злато значаен бод на гостувањето кај Астон Вила откако во заостанатиот натпревар од 18. коло ремизираше со 1-1. На крајот на првото полувреме Барнс успеа да ја протне топката во мрежата на Мартинез, а овој резултат остана на семафорот до крајот на првото полувреме. Во вториот дел од мечот за домаќините стрелаше Бендија.

Со овој бод Барнли се изедначи со Лидс на 18. место на табелата, а кој од овие два тима ќе испадне во Чемпионшипот ќе дознаеме во последниот натпревар во кој Барнсли се среќава со Њукалс, а Лидс со Брентфорд.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...