Алпин го претстави болидот за новата сезона во Ф1

Францускиот Формула 1 тим Алпин го претстави болидот за новата сезона кој ќе го носи името „А523“. „A523“ доаѓа во сега веќе традиционалната сино-розова боја.

Алпин минатата сезона беше четврти во конкуренција на конструктори, а во новата сезона целта е минимум да се задржи таа позиција и да се намали заостатокот зад водечката тројка Ред Бул, Ферари и Мерцедес. Во болидите тимот ќе има двајца домашни возачи, Естебан Окон и Пјер Гасли. .

Окон и Гасли се познаваат многу добро, бидејќи двајцата се натпреваруваа во детството кога како шестгодишници беа ривали во картинг.

 

 

Се вчитува...