Алтипармаковски и Брегалница ја прекинаа меѓусебната соработка

ФК Брегалница, по взаемен договор, спогодбено ја прекина соработката со искусниот напаѓач Марјан Алтипармаковски.

Како што информираат од клубот, Алтипармаковски поради лични причини побарал предвремен раскин на договорот, на што клубот и покрај желбата да го задржи, излегува во пресрет.

„И покрај тоа што нашата искрена желба беше да го задржиме, сепак со оглед на фактот што се работи за максимално коректен фудбалер кој дада сериозен придонес за развојот на тимот изминативе години одлучивме да излеземе во пресрет. Од лични причини Алтипармаковски побара предвреме да го заврши договорот, а Брегалница му посакува успех во сите идни планови и кариера“ – вели спортскиот директор на Брегалница, Никола Тонев, во изјава за официјалната интернет-страница на клубот.

31-годишниот Марјан Алтипармаковски одигра 40 официјални натпревари за Брегалница во Првата македонска фудбалска лига постигнувајќи и 11 погодоци.

Се вчитува...