По само два месеци од заминувањето од редовите на штипскиот прволигаш, Брегалница повторно го враќа во својот напад еден од најдобрите домашни офанзивни фудбалери, Марјан Алтипармаковски.
Алтипармаковски, веќе се приклучи на тимот на подготовките во Охрид, а се очекува наредниот период и официјален договор со клубот за продолжување на меѓусебната соработка која беше прекината пред два месеци.
Битолчанецот минатата сезона беше еден од најдобрите фудбалери на штипските „сини“, а претходно во својата богата кариера бил дел и од Пелистер, Струга ТЛ и Работнички во македонскиот шампионат, како и Ксанти и Панилиакос во Грција, Интер Запрешиќ во Хрватска, Судува од Литванија, Сараево од БиХ и албански Лачи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА