Алушовски го буди Еурофарм Работник за деби победа во ЕХФ купот

Новиот тренер Стевче Алушовски треба да го разбуди Еурофарм Работник кој се надева на дебитантски успех во групната фаза од ЕХФ купот. Во третото коло, битолскиот тим гостува кај лидерот на табелата, хрватскиот Нексе.

Алушовски немаше многу време да компетно да го помени системот на Еурофарм, вели дека се обидел да наметне некои од неговите идеи во од, но смета дека составот е квалитетен.

„Нексе игра добар ракомет и е во победничка серија. Но, за нас предавањето никако не е опција. Ќе се бориме од почеток до крај и ќе се вратиме со кренати глави во Битола“ – вели поранешниот макеоднски репрезентативец во пресрет на натпреварот на неговиот тим во Нексе.

„Алушовски како играч никогаш не се предаваше, неговата филозофија многу ќе ни помогне“ – смета пикерот на Еурофарм, Никола Марковски.

Еурофарм има два пораза, од Хановер во гости и од Татабања во Битола, а денешниот противник забележа победи против ова две екипи. Дуелот во Нашице е закажан во 19.30 часот.

Се вчитува...