Алушовски: Натпреварот со Војводина ќе биде шанса за докажување на младите

Ракометарите на Вардар утре ќе и гостуваат на Војводина во натпревар од 6. коло во регионалната СЕХА лига.

Тренерот на „црвено-црните“, Стевче Алушовски нема да смета на голем дел првотимци на овој натпревар.

„Пролетва е навистина напорен период за нас, имаме постојано натпревари, па овој одложен меч со Војводина треба побрзо да го одиграме за да можеме да го правиме следниот распоред. Ова беше единствен слободен термин, и поради ЕХФ неделата нема да имаме повеќемина репрезентативци кои се со своите национални тимови. Но, и покрај тоа за Нови Сад заминуваме со ракометари кои секако можат и ќе одиграат најдобро. Знаме дека Војводина сигурно ќе игра на максимум, но и ние сме подготвени за она што не очекува. Ова ќе биде и шанса шестмина наши кадети да почуствуваат што значи СЕХА лига. Тие веќе неколку денови тренираат со нас и ќе бидат подготвени за нивното деби.

Мечот меѓу Војводина и Вардар ќе се одигра утре со почеток во 17 часот.

Се вчитува...